Ракометарите на Вардар откако го направија она што досега не му успеало на ниту еден друг машки тим во Македонија и се пласираа на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, направија уште еден чекор напред за македонскиот машки клупски ракомет. Избраниците на Раул славеа над најтрофејниот европски тим Барселона со 26:25 со голот на Циндриќ во последните секунди и обезбедија пласман во финалето на. Еден од клучните во вардаровиот тим беше голманот Арпад Штербик со 14 интервенции.
„Имавме долг пат да стигнеме до Ф4, драго ми е што играчите не се задоволија со тоа што сме тука. Од прв до последен се боревме за финале, бевме и во негатива, но не се предадовме. Мислам дека оваа година на почеток видовме дека ќе имаме одлична сезона. Да се добие една Барселона е тешко на домашен терен, а камоли на ваков турнир. Јас мислам дека сега треба да се одмориме, да се и утре да го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за победа, ќе видиме“ – изјави Штербик.
Мечот за титулата се игра утре со почеток во 18 часот во „Ланксес Арена“.


