Шпанија без Македа и Штербик ги започнува европските квалификации

По неуспешните олимписки квалификации репрезентацијата на актуелниот европски вицепрвак Шпанија со нов селектор на клупата на шпанскиот национален тим, Жорди Рибера започнува нов квалификациски циклус за Европското првенство 2018 година во Хрватска. Рибера пред воведниот квалификациски дуел против Босна и Хрецеговина повика 16 ракометари.

Место меѓу репрезентативците на Шпанија немаше за Хорхе Македа, кој изненадувачки ќе биде заменет со Едуардо Гурбиндо, додека во составот нема да бидат ниту Арпад Штербик, Кристијан Угалде, Рафаел Баена, Антонио Гарсија и Хуан Дел Арко.

Новата визија на Рибера треба да создаде стабилна и перспективна репрезентација кој на почетокот на 2018 година ќе обезбеди настап на Европското првенство. На патот на шпанската селекција стојат репрезентациите на Босна и Херцеговина, Австрија и Финска.

На списокот на новиот шпански селектор се најдоа имињата на:

Голмани:
Гонзало Перез де Варгас, ФК Барселона (Шпа)
Родриго Коралес, Орлен Висла Плок (Пол)

Одбрана:
Виран Морос, ФК Барселона Ласа (Шпа)
Гедеон Гвардиола, Рајн-Некар Ловен (Гер)

Десно крило:
Виктор Томас, ФК Барселона Ласа(Шпа)
Феран Соле, Феникс Тулуз (Фра)

Десен бек:
Едуардо Гурбиндо, ХБЦ Нант (Фра)
Алекс Душебаев, РК Вардар (МКД)

Лев бек:
Ису Гоњи ПАУК (Фра)
Карлос Молина, Натурхаус Ла Риоха (Шпа)

Лево крило:
Мигел Санчез-Мигалон, Натурхаус Ла Риоха (Шпа)
Валеро Ривера, ФК Барселона Ласа (Шпа)

Плејмејкери:
Жоан Кањелас, РК Вардар (Мак)
Раул Ентрериос, ФК Барселона Ласа (Шпа)
Даниел Сармиенто, Сент Рафаел (Фра)

Пивот:
Хулен Агинагалде, Виве Таурон Киелце (Пол)