Гоце Георгиевски доби можност да одмори со оглед на тоа што неговите колеги одлично ја завршија задачата на средбата против ЧСМ Фочани. Составот на ЧСМ Букурешт славеше со 34:23, па ова беше лесен дуел на кој македонскиот интернационалец беше на клупата.
Сигурната игра на колегите беше причина, Георгиевски да биде на поштеда, а новите бодови беа доволни за ЧСМ Букурешт да се најде на 3. позиција со 43 поени.
Никола Митревски и Велко Маркоски имаа можност исто така за одмор бидејќи нивниот тим Констанца требаше да игра со Одорхеи, клубот кој банкротираше и се откаже од играњето во вториот дел од сезоната.


