ЧСМ Букурешт менува политика – помалку странци, повеќе домашни играчи!

По пет години вложување и не успешни обиди да стигне до титулата во домашното првенство ЧСМ одлучи да ја промени стратегијата на управување со клубот. Тие три пати завршија на втората позиција, а во последните две сезони на третата позиција во првенството на Романија.

Буџетот на клубот е намален за 30% а исто така се откажаа и од повеќето странци во екипата со цел оваа сезона да се фокусираат на проект со домашни играчи. Странци кои ќе играат и следната сезона во ЧСМ се нашиот Гоце Георгиевски, Алхалхалам Естеки, Енрике Тешеира и Јакуб Крупа.

Тимот ќе го предводи домашниот стратег Даниел Анка кој е прекомандуван од тренерската позиција на младинските категории. Заедно со него на првиот тим се приклучија и неколку младински ракометари.

ЧСМ Букурешт минатата сезона го освои трофејот во Челинџ купот каде во финалето беше подобар од португалската Мадеира. Сезонава повторно ќе играат и ќе имаат можност да го бранат трофејот.