Червар: Очекував многу повеќе од Талески на овој меч

Македонскиот вицепрвак го доживеа вториот пораз во СЕХА лигата, овојпат од шампионот Веспрем, а стратегот на Металург беше задоволен од играта на стартот на мечот, но изјави и дека статичната игра во вториот дел и немањето на решенија во нападот е моментот што го одлучи победникот.

„Честитки за Металург и нивниот тренер. Тие играа денеска одлично, а и навивачите одлично го бодреа нивниот тим. Мислам дека нашиот тим во денешниоот меч играше добро во одбрана. Кога голманите ја надополнија добрата одбрана беше уште полесно. Во напад во првиот дел беше добро, но  бевме малку и заморени, бидејќи ова беше четврти меч неделава, но затоа нема оправдувања  бидејќи имаме широк ростер.“ – изјави тренерот на Вепрем, Сабате.

„Честитки за Металург за одличната игра. Ова беше тежок меч за нас бидејќи ни беше четврти неделава. Домашните играа одлично во одбраната, но ние имавме широк репертоар на удари, а одигравме и добро во одбраната, иако има простор за поправка.“ – изјави Габор Анчин.

„Честитки за победата на Веспрем. Мислам дека првите 25 минути од овој меч добро се држевме беше егал, игравме доста добро и во одбрана и во напад додека во вториот дел игравме многу статично и му овозможивме на противникот лесно да доаѓа до позиција. Денеска малку повеќе очекував од Талески, но Нелоски се снајде добро, и Обрадовиќ влегува полека во ритам, почнуваме наскоро и со Драгаш и оекувам добри резултати во иднина.“ –изјави Червар.

„Пред се честитки за Веспрем. Игравме добар меч со нив, можеме секако и подобро. ВО првиот дел скоро и да бевме рамноправни. Во вториот дел имавме избрзани удари и овозможиме лесни голови за нив. Ќе тренираме уште понапорно во следниот  период.“ – изјави најдобриот стрелец на Металург, Марко Нелоски.