Новајлија во Женската лига оваа сезона, составот на Чаир, ја забележа и четвртата победа во четвртиот натпревар, откако на домашен терен беше подобар од Ѓорче Петров со 24-18.
Иако гостинките отворија со предност од 2-5, сепак Чаир полека но сигурно ја преземаше контролата на теренот, па на пауза замина со водство, 12-9.
Во второто полувреме Ѓорче за момент се врати и намали на 13-11, но имаше „црна дупка“ во нивната игра, па Чаир се одлепи на 18-11 и до крајот беше лесно рутински да се доврши задачата.
Најдобар стрелец кај победничката екипа беше Анастасија Николовска со десет погодоци, додека кај Ѓорче се истакна Ангела Цветановска со седум.


