Хрватските ракометари во рамките на четвртото квалификациско коло за Европското првенство во Полска 2016, ја пречекаа репрезентацијата на Норвешка. Избраниците на Жељко Бабиќ пред публиката во Вараждин покажаа дека можат да победат и со едно добро полувреме. По крајот на 60-те минути домаќините им се одмаздија на Норвежаните и ја прославија третата победа во квалификацискиот циклус, овојпат со резултат 31:25.
Хрватска – Норвешка 31:25 (16:17)
Во првото полувреме репрезентацијата на Хрватска ја бараше својата игра, тоа им овозможи на Норвежаните почетно водство од 0-3. Хрватите првиот гол го постигнаа по пет минути, а иако успеаа да се доближат на само еден гол негатива, гостите повторно со два гола ги вратија највисоките +3 (9: 6). Првото изедначување на резултатот се случи во 15-та минута, а прецизен беше Дувњак за 9-9. Минута подоцна Чупиќ од пенал ја донесе предноста во посед на Хрватска, додека Штрлек го потврди водството за првите два гола разлика за домаќините, 11-9. Во последните четири минути од полувремето, гостите со серија од 4-1 ги искористија техничките грешки на Хрватска за на пауза да заминат со предност од 16-17.
Првиот гол во вториот дел го постигна Златко Хорват, но тука не застана репрезентацијата на Хрватска, по погодокот на Тонесен, одличниот Пешиќ им овозможи на Хрватите серија од 3 голови во низа, за највисоките 22-18. Со одлична игра во второто полувреме, хрватските репрезентативци ја зголемуваа својата предност која во 53-та минута изнесуваше осум голови, 29-21. Високата разлика, домаќините ја одржуваа до последната минута кога Норвешка со два гола во низа на Реинкинд и Гулеруд ги постави конечните 31-25.

Најпрецизни во хрватскиот состав беа Домагој Дувњак и Златко Хорват со седум голови. Во репрезентацијата на Норвешка се истакнаа Магнус Јендал, Кристијан Бјорнс и Харалд Реинкинд секој со четири гола.