Фуксе Берлин без Јашка во наредните 5 месеци?

Шокантни вести доаѓаат од таборот на Фуксе Берлин. Екипата од главниот град на Германија во наредените 5 месеци најверојатно нема да може да смета на услугите на својот централен бек, полскиот репрезентативец Бартоломеј Јашка. Минатата недела на полскиот плејмејкер му беше извршена операција на рамото.

” За нас ова е катастрофа” – изјави менаџерот на Фуксе Берлин, Боб Хенинг.Јашка е многу важен играч за тимот, има искуство со настапи во Лигата на шампионите, а исто така е освојувач и на Германскиот куп.

По повредата на Јашка, екипата на Фуксе Берлин брзо реагираше и најде замена во српскиот репрезентативец и довчерашен играч на Висла Плок, Петар Ненадиќ. Најдобриот стрелец на Висла во изминативе две години треба да го замени Јашка на плејмејкерската позиција и да даде нов импулс во играта Фуксе Берлин.