Ужас во Добој: Поранешен ракометар пронајден мртов!

Поранешениот член на некогашната репрезентација на Југославија, Горан Стојиќ, утрово бил пронајден мртов во неговиот стан во Добој, а покрај него имало и пиштол, па сомневања се дека се станува збор за самоубиство.

Полицијата утринава околу 10:00 часот добила пријава дека телото на Стојиќ се наоѓа во неговиот стан, а по деталната проверка бил пронајден и пиштол, па допрва ќе се утврдуваат причините и мотивите за овој настан.

Стојиќ беше поранешен ракометар на Слога Добој, а исто така и репрезентативец на Југославија, а по распадот на оваа држава го носеше дресот и на Босна и Херцеговина. По завршувањето на играчката кариера, беше селекторот на кадетите на Босна и Херцеговина.