Македонскиот интернационалец во редовите на Рајн Некар, Филип Талески имаше своја вечер во Лигата на шампионите. Тој доби голема минутажа и во одредени моменти имаше и улога на лидер во нападот на Германците.
Талески го одигра целото прво полувреме и имаше одличен придонес. Во второто тргна исто така и во одбрана и во напад, но потоа мораше да земе здив, па во еден период не играше во нападот.
Средбата ја заврши со три погодоци од шест удари, а покрај тоа подели и пет асистенции и беше еден од оние кои го држеа Рајн Некар во првото полувреме кога противникот правеше разлика. Ова беше одличен ден за него така што ова беше и еден од најдобрите натпревари кои ги има одиграно досега во Лигата на шампионите.
Секако самиот факт што успеа да помогне во одигрувањето на нерешен резултат од кој корист имаше Вардар е уште еден позитивен факт кој оди како пофалба и за Талески.


