Талески и Рајн Некар се мачеа едно полувреме со Лемго

Тимот на Рајн Некар Левен славеше очекувана победа на гостувањето кај Лемго, но за неа избраниците на Николај Јакобсен мораа да се помачат.

„Лавовите“ победија на крајот со 23-25. Во првиот најчесто се играше гол за гол и ниту една од екипите не направи поголема разлика, па на пауза се замина со 11-10 за Лемго.

Во вториот дел гостинските ракометари веднаш направија пресврт и се одлепија на пет голови позитива, но како се ближеше крајот, така Лемго се враќаше во игра.

Намалија домашните на 23-24, но Рајн Некар погоди во финишот за конечна победа со 23-25 и остаана во трка за титулата, иако Фленсбург е прв со шест бодови предност.

Македонскиот интернационалец Филип Талески на овој натпревар постигна еден погодок од два обиди. Следен предизвик за Рајн Некар ќе биде дуелот против Нант од Лигата на шампионите.