Македонскиот среден бек Јован Талевски продолжува да игра во одлична форма во турскиот шамшионат. Талевски заедно со голманот Пејчиновиќ, беа најзаслужни за новата победа на Јозгат над незгодниот Мили Пјанго со 23:22, во натпревар од 15 коло.
При резултат 22:22 на 20 секунди до крајот, Талевски имаше атрактивно додавање до еден од неговите соиграчи кој погоди за победа со 23:22. Покрај 5 асистенции, средниот бек постигна и 5 голови. Следниот меч Јозгат го игра против Анкараспор на гостински терен.



