Суспензии за Душебаев и Кадењас

Полската ракометна федерација ги суспендираше Талант Душебаев и Маноло Кадењас за инцидентите кои ги предизвикаа на четвртиот натпревар од финалната серија во Полска помеѓу екипите на Киелце и Висла Плок.

Кадењас доби суспензија за првите два натпревари од новата сезона, додека пак Душебаев нема да може да го води својот клуб дури на четири натпревари. Исто така двата тима се казнети и парично, па така Висла треба да плати 360 евра, додека пак Киелце е казнет со 720 евра. Клубовите немаат право на жалба против оваа одлука.

Покрај Душебаев и Кадењас, и Денис Бунтич е казнет со два натпревари поради тоа што го удри играчот на Виска, Камил Спрзак.

Киелце има право да побара ревизија на оваа одлука, и тоа се очекува да го направи во наредните две недели.