Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац денеска изврши прозивка со која означи старт на подготовките за Мундијалот на кој сме домаќини од 6 до 18 август. Брестовац на располагање има 23 ракометари од кои ќе треба да ги избере најдобрите 16 за настап на шампионатот.
Македонија подготовките ги почна денеска во Струга и таму ќе се работи една недела. Потоа тренинзите ќе продолжат на Маврово, а завршната фаза е предвидена за Скопје каде што и ќе се игра шампионатот. Групата во која е Македонија ќе игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“ така што е сосема извесно дека ќе има интересни средби.

Ракометарите имаат одлични услови на почеток и сега останува само на нив да го покажат најдоброто и да се изборат за место во тимот на Брестовац за првенството. Првиот натпревар го играат на 6 август.


