Со дуелот меѓу Катар и Аргентина заврши групната фаза од олимпискиот ракометен турнир во Рио. По пет кола, познати се сите учесници во четвртфиналните дуели. Во машкиот дел од натпреварувањето на последната 12-та позиција заврши Тунис, сребрената од Лондон, репрезентацијата на Шведска е претпоследна, Аргентина заврши на 10-то место, додека африканскиот шампион Египет ја завзема 9-та позиција.
Конечната табела во групите А и Б го доби следниот изглед:
За место во полуфиналето на машкиот ракометен турнир во среда ќе се борат:
15:00 Бразил vs. Франција
18:30 Германија vs. Катар
22:00 Данска vs. Словенија
01:30 Хрватска vs. Полска
Кај дамите Црна Гора е разочарување на овој турнир, тие испаднаа во групната фаза и завршија како 11-ти, единствено послаб учинок од нив имаше Аргентина на која и припадна фенерот. Десеттата позиција и припадна на солидната репрезентација на Јужна Кореа, додека Романија заврши на десетото место. Конечната табела во двете групи изгледаше вака:
Затоа за осумтте најдобри репрезентации олимпискиот турнир продолжува со четвртфиналните дуели. Денес ракометниот ден го отвораат домаќинот Бразил и Холандија, а распоредот на останатите средби изгледа вака:
15:00 Бразил vs. Холандија
18:30 Шпанија vs. Франција
22:00 Шведска vs. Норвешка
01:30 Русија vs. Ангола






















