Среќен родендeн!

Еден од најдобрите голмани во светот, кој брани за репрезентацијата за Данска и за тимот на Кил, Никлас Ландин денеска е меѓу славениците на роденден. Тој денеска полни 31 година.

Австриецот Лукас Хербургер, кој игра за екипата на Кадетен Шафхаузен, пак, ќе го прослави 25. роденден.

На списокот е и поранешниот ракометар на Еурофарм Работник, Никола Ивановиќ. Играчот од Србија денеска ќе наполни 21 година.

Среќен роденден Никлас, Лукас и Никола!