Ракометарката на Вардар, Милица Николиќ, која е и репрезентативка на Македонија денеска има роденден. Таа денеска ќе наполни 19 години.
И ракометарката на Куманово, Тамара Ивановска има роденден, а таа денеска станува полнолетна.
Роденден има и Нина Булатовиќ. Црногорката која настапува во редовите на Будуќност денеска полни 23 години.
Романецот кој ги брани боите на Констанца, Јулијан Мокану Мариус е постар од неа. Тој ќе го слави 33. роденден.
Португалецот Мануел Гашпар ги брани боите на екипата на Спортинг, а тој денеска ќе наполни 21. година.
Исто така 21 година полни и ракометар ГОГ, Данецот Фредерик Бо Андерсен.
Денеска роденден има и ракометар на Татран Прешов, екипа која вечерва ќе игра против Вардар. Се работи за Јакуб Кравчак. Словакот денеска ќе наполни 17 години.
Среќен роденден Милица, Тамара, Нина, Јулијан, Мануел, Фредерик и Јакуб!


