Среќен роденден!

Искусниот пивот на екипата на Келце, кој следната сезона ќе се пресели во Бидасоа Ирун, Шпанецот Хулен Агинагалде денеска ќе го прослави својот 37. роденден.

Словенецот кој игра за тимот на Целје, Кристјан Хорцен денеска ќе наполни 20 години.

Денеска својот 27. Роденден ќе го прослави и Белорусинот Арцјом Селвасјук, кој игра во редовите на Мешков Брест.

Николинка Радевска, која ги брани боите на Куманово, пак, денеска станува полнолетна.

Среќен роденден Хулен, Кристјан, Арцјом и Николинка!