Среќен роденден Кате и Андрија!

Една ракометарка и еден ракометар пред кои е убава иднина денеска слават роденден.

Ракометарката на Вардар, Катерина Дамјановска денеска ќе наполни 16 години.

Своето полнолетство, пак, ќе го прослави ракометарот на Еурофарм Работник, Андрија Мандиќ.

Роденден има и Стефан Рафн Сигурмансон. Исланѓанецот кој настапува во редовите на Пик Сегед го прославува 29 роденден.

И убавата Холанѓанка која го брани голот на Одензе, Тес Вестер има роденден. Таа полни 26 години.

Среќен роденден Катерина, Андрија, Стефан и Тес!