Среќен роденден Душица, Јана…

На 28 декември роденден имаат две ракометарки кои се дел од репрезентацијата на Македонија. Поточно едната од нив не беше дел на последните собири, но остави голема трага во националниот тим.

Душица Ѓеорѓиевска која игра во првенството на Турција денеска полни 32 години.

Ракометарката на Металург, пак, Јана Калајџиевска денеска ќе наполни 19 години. Таа е дел од помладите ракометарки кои допрва ќе имаат големи предизвици во националниот состав.

На списокот на денешни славеници е и пивотот на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан. Ракометарот од БиХ денеска ќе го прослави својот 26. роденден.

Среќен роденден Душица, Јана и Елмир!