Среќен роденден Ацо!

Еден од најголемите борци кои некогаш ги имала репрезентацијата на Македонија, Ацо Јоноски денеска слави роденден. Играчот-тренер на Ратинген, кој во минатите 15 години беше еден од незаменливите дефанзивци во репрезентацијата денеска ќе наполни 39 години.

Роденден слави и ракометарот од Шведска, кој настапува за Кристијанштад, Астром Лудвиг Јурмала. Тој денеска полни 20 години.

И неговиот сонародник, Христофер Бранбергер, кој игра за тимот на Савехоф е меѓу славениците. Тој ќе го прослави својот 29 роденден.

Натурализираната репрезентативка на Словенија Елизабет Омореги, која игра во ЧСМ Букурешт денеска исто така ќе прослави роденден. Таа полни 23 години.

Среќен роденден Ацо, Астром, Христофер и Елизабет!