Се најде јунакот да го запре Вардар – Металург го има лекот за „црвено-црните“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарките на Металург ја прекинаа доминацијата на Вардар во Купот на Македонија и денеска после изведување на пенали успеаја да го совладаат тимот кој пет години го освојуваше Купот и дојдоа до трофејот.

По нерешениот резултат по одиграните 60 минути – 29:29, Металург победи на пеналите и со вкупни 33:32 дојде до трофејот.

Покрај големиот пехар, металурзи ги собраа и сите индивидуалните награди. Танкоски е МВП, Шпенде и Јагуриновски беа најдобри стрелци, а за најдобар голман беше прогласен Даниел Дупјачанец.