Екипата на Вардар дојде до нова победа во СЕХА-лигата, а причината за задоволство кај тренерот на „црвено-црните“, Роберто Парондо е голема бидејќи неговите момци одработија уште еден добар натпревар.
„Ова е многу важна победа за нас. Се соочивме со добра екипа. Шанса да игрза да играат и сите ја оправдаа довербата. Одиграа добар натпревар и можам да бидам задоволен. Ние на секој натпревар одиме за да обезбедиме победа, а ова беше навистина добар меч против одлична екипа која играше навистина цврсто и со голем интензитет. Сите играчи одработија на високо ниво така што го исполнија очекуваното“, коментираше Парондо после средбата против тимот на Стеауа.
Со оглед на тоа што на дуелот против Стеауа недостигаше Вуко Борозан, Парондо ја кажа причината за неговото отсуство.
„Вуко Борозан не беше на оваа средба. Тој има болки во коленото и подобро е да го зачуваме за некој од следните натревари каде ќе ни биде многу попотребен. Едноставно не сакавме да ризикуваме со него на овој двобој“, коментираше Парондо.
Следниот предизвик за „црвено-црните“ е веќе в сабота кога се игра дуелот против Кристијанштад во Лигата на шампионите.


