Ристовска го има петтиот најубав гол во ЛШ сезонава (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ по најдобрите одбрани и асистенции во машка конкуренција, објави компилација од најубавите погодоци во женската Лига на шампионите.

Меѓу 30-те најубави погодоци, се наоѓа и еден на македонската репрезентативка Сара Ристовска во дресот на словенечкиот Крим.

Таа погоди на дуелот со ЧСМ Букурешт во групната фаза на стартот на вториот дел, кога со „сув лист“ ја совлада Паула Унгуреану.

Погледнете ги најубавите голови во ЛШ…