Екипата на Риниа го дочека Партизан во заостанатиот натпревар од второто коло во плеј-аут конкуренцијата во Првата лига. Поуспешни беа домаќините и ја забележаа првата победа, славеа убедливо 40:27.
Победата на Риниа не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот, тие имаа водство од почеток до крајот. Во почетната фаза од дуелот направија предност 10:4 што во продолжението гостите немаа сили да стигнат.
На полувреме беше 19:11 водство за Риниа и веќе направија солидна предност за конечна победа. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Емини Орхан со постигнати 12 погодоци, додека во екипата на Партизан посебно се истакна Михаил Брзанов ос постигнати 9 голови.
РИНИА М – ПАРТИЗАН 40:27 (19:11)
Сала: ОУ 7-ми март. Гледачи: 100. Судии: Ѓоѓи Васиески од Скопје и Иван Јовановски од Штип, Делагат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.
РИНИА: Мемеди, Маркоски 3, Емини 12, Идризи, Митревски 6, Синани 4, Исмаили 6, Трајчевски, Сејди 1, Маневски 2, Илиоски 3, Мемеди 3
Седмерци: 1/1. Исклучувања: 2 мин.
ПАРТИЗАН: Костадинов, Стојнов, Петров, Костадинов, Маренчев, Ветов 3, Брзанов 9, Трајковски 5, Узунчев Тодор 6, Узунчев Димитар 2, Велев, Костадинов Ристо 2, Ангелов, Митров.
Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 мин.


