Ракометарите на Риниа М после поразот во 1. коло од Металург јуниор успеаја да се вратат во потребниот ритам и веќе во 2. коло да дојдат до триумф. Тие го совладаа тимот на Македонија Ѓорче Петров со 31:26 и ги освоија првите бодови во сезоната.
Противникот Македонија Ѓорче Петров после добриот почеток на средбата некаде на средината на првото полувреме го загуби чекорот и падна во ритамот така што се отвори простор за домаќинот да го зададе ударот после кој беше полесно да се продолжи во играта и да се дојде до предност која на крајот се покажа како сосема доволна за да се дојде до победа.
На полувреме Риниа М имаше три гола предност од 15:12, а потоа во вториот дел оаа предност без проблем се чуваше и беше и зголемена за освојување на три бода.
РИНИА М – МАКЕДОНИЈА ЃП 31:26 (15:12)
Сала: „Енвер Идризи“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
РИНИА М: Трајчевски, Идризи, Емини 2, Митревски 8, Исмаили 3, Стојчевски 4, Маневски 1, Сулејмани 3, Салиу 10, Сејди.
Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Огнановски, Неделковски, Ристов, Ѓорѓиевски 2, Палковски 4, Апостоловски 5, Фичуровски 2, Митовски 1, Вељановски 4, Марковски 1, Велковски 4, Златановски 2, Добрески, Тркалевски, Крстевски, Дука 1.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 12 мин.


