„РЕД БУЛ“ ЌЕ БИДЕ НОВ СПОНЗОР НА КИЛ

Компанијата Ред Бул енергерски пијалок е нов партнер на германскиот ракометен шампион Кил. Директорот на клубот, Торстен Сторм видно задоволен од постигнатиот договор изјави:

Добропозната е посветеноста на Ред Бул кон брзите и динамични спортови. Бидејки ракометот е токму таков спорт, мислам дека ова е почеток на една одлична соработка.

Ред Бул години наназад е инволвиран во светот на ракометот, посебно подржувајки го младинскиот сектор и младите таленти. Таков е случајот со австрискиот супер талент 18 годишниот Никола Билик кој ќе го облече дресот на Кил летото 2017.