Екипата на ПСЖ го одигра заостанатиот натпревар од 7. коло кој го доби убедливо со 32:24. Пораз доживеа тимот на Монпелје кој не беше достоен противник како што се очекуваше.
Ова големо дерби не донесе поголема неизвесност. Момците предводени од Раул Гонзалес беа одчичен противник и убедливо го добија натпреварот. Израмнетост во овој дуел имаше само во почетните десетина минути.
Оттогаш па натаму, ПСЖ започна да ја полни мрежата на противникот со што си обезбеди солидна предност и потоа рутински го доврши натпреварот.
Сега, сите екипи во најсилната лига на Франција ги комплетираа своите натпревари, а по дванаесет кола, ПСЖ е одново лидер со бод повеќе од второпласираниот Нант. Монпелје е трет со четири поени помалку од ПСЖ.


