По бурната дебитантска полусезона во машката Суперлига, новиот суперлигаш Еурофарм Работник во пролетниот дел ќе зачекори со нов тренер. Андон Бошковски ќе го превземе кормилото на “фармацевтите”, тим со кој ќе се обиде да дојде до третата позиција во машката Суперлига.
Бошковски во својата кариера го предводел составот на Вардар, Богданци, Металург, Работнички како и романската екипа Роман. Бошковски ќе ги започне подготовките за претстојната полусезона со Работник во јануари, а своето деби на клупата на Еурофарм ќе го има на почетокот на пролетниот дел.
Составот кој минатата година, Иван Марковски и Александар Зарков го одведоа во најсилното македонско ракометно првенство, ја започна својата нова ракометна авантура со амбициозен состав, променливи игри и чести измени во играчкиот ростер, што го чинеа битолскиот тим загубени бодови од Пролет, Борец, Радовиш и Пелистер.
Иван Макровски и Александар Зарков продолжуваат со својата работа во клубот, а нивното искуство ќе значи многу, особено во помладите категории на битолскиот тим.


