ПРЕГЛЕД НА НАСТАПИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

АВСТРИЈА: Тимот на Кремс славеше над Вест Виен со 35:30 во 18 коло од австрискиот шампионат, а Влатко Митков за победничкиот тим беше втор стрелец со 8 голови. Ристо Арнаудовски не настапи за Ферлах кој загуби со 42:21 од АОН Фиверс. МГА Виферс славеше на гости кај Виенер Нојштат со 17:29, а македонската интернационалка Моника Стефаноска даде 2 гола.

УНГАРИЈА: Михаил Петровски не играше поради повреда за Балатонфуреди, кој го победи Ѓунѓош со 26:21. Никола Маркоски не погоди за Орошази кој загуби на гости кај Чурго со 32:24.

БЕЛГИЈА: Спортинг Нело го победи тимот на Турне со 34:25, а македонскиот бек Влатко Тасевски беше втор стрелец со 6 голови.

БЕНЕ ЛИГА: Мерксем каде игра Лазар Попов, одигра два натпревари во регионалната лига и двата ги загуби, од Тонгерен дома со 20:30, потоа и од Квинтус со 25:22 на гости, а македонскиот интернационалец постигна по 2 гола на двата дуели.

ЛУКСЕМБУРГ: Каерјенг на Влатко Темелков, изненадувачки е поразен на гости кај Еш со 32:25,а поранешното десно на крило на репрезентацијата постигна 2 гола.

ПОРТУГАЛИЈА: Бенфика каде игра Никола Митревски забележа победа над Белененсес со 30:31 на гостински терен.

ТУРЦИЈА: Бешикташ и Немања Прибак продолжуваат со победите во Турција, а последен тим кој си замина со пораз од Истанбул е Трабзонспор, кој загуби со 35:29.

ДАНСКА: Хорсенс победи на домашен терен против Вендсисел со 26:18, а македонската интернационалка Викторија Мурговска постигна 3 гола за победничкиот тим.

ГЕРМАНИЈА: Составот на Ферндорф по неколку победи во серија, загуби на гости кај Емпор Рошток со 30:27, а Никола Стојчевски за поразениот тим беше најдобар стрелец со 8 голови.