Кадетската машка репрезентација на Македонија ова лето од 6 до 18 август ќе биде домаќин на седмото по ред Светско првенство во оваа конкуренција. Пред десетина деа кадетите ги дознаа ривалите, а сега е познат и распоредот во групната фаза.
6/8/19 Македонија – Аргентина, 20:00 часот
7/8/19 ден за одмор
8/8/19 Нигерија – Македонија, 20:00 часот
9/8/19 Бахреин – Македонија, 18:00 часот
10/8/19 ден за одмор
11/8/19 Македонија – Данска, 18:00 часот
12/8/19 Македонија – Јапонија, 18:00 часот
13/8/19 ден за одмор
14/8/19 осминафинале, президент куп
15/8/19 четвртфинале, президент куп
16/8/19 ден за одмор
17/8/19 полуфинале, натпревари за пласман
18/8/19 финале, натпревари за пласман
По завршувањето на обврските со сениорската репрезентација, селекторот Данило Брестовац ќе може да се посвети на кадетите, па ќе објави списокот и планот за подготовките.


