Познати се составите на ЖРК Вардар и Савехоф за денешниот дуел во ЛШ

Денес ракометарките на ЖРК Вардар во СЦ ,,Јане Сандански” со почеток од 17:30 силите ќе ги одмерат со шампионот на  Шведска, ИК Савехоф. Гостинскиот тим во Скопје доаѓа по првите бодови, додека избраничките на Индира Кастратовиќ мора да победат против Савехоф доколку сакаат да ги задржат шансите за првите четири места кои водат кон завршницата во Будимпешта.

Во составот на ЖРК Вардар нема да настапи Татјана Хмирова поради операција на коленото, како и репрезентативката на Црна Гора, Итана Грбиќ.

 

Вардар: Петковска, Лејно, Суслина, Алтхаус, Черноиваненко, Човиќ, Дамњановиќ, Дембеле, Ихнева, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Ристовска, Сокач

Савехоф: Х. Ериксон, Муратиду, Андреасен, Екеман-Ферис, Енхоринг, Ј. Ериксон, Јенсен, Кронел, Линдвал-Харген, Мелегард, Олсон, Петерсон, Санд, Тегштед

 

handball vardar 9