Повредата е минато, Филип Кузмановски го одигра првиот натпревар за Металург

Вечерва во Автокоманда се одигра пријателски дуел меѓу Металург и Еурофарм Работник. Скопскиот тим славеше победа со 27-24 (17-15) во првиот дуел за двата тима во новата година. Периодот на подготовки меѓу двете полусезони, екипите го искорстија да испробаат дел од своите тактички решенија, а тренерите Бошковски и Червар можеа да ги увидат грешките на своите ракометари пред почетокот на пролетниот дел од македонскиот шампионат, односно СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Пред публиката во Автокоманда повторно се појави Филип Кузмановски кој после скршеницата на дланката и периодот на рехабилитација повторно одигра цел натпревар. Тој ја предводеше својата екипа имаше неколку асистенции, се избори за два пенали  и постигна еден гол.

Деби на овој дуел имаше и иранскиот интернационалец Амин Јусеф Неџат кој во игра влезе во 20та минута и до крајот постигна 4 погодоци исто колку и Гуглета, Велковски и Обрадовиќ. Кај Работник Адил Ашраф постигна 6 голови, а го следеше Мајнов со 4 погодоци.