Пиедаде и Верц во Сиофок?

Кризата која го зафати Крим Меркатор, создаде прилика за засилување на останатите тимови кои не се доволно моќни да плаќаат високи обештетувања за квалитетни ракометарки. Унгарските клубови почнаа да ги создаваат тимовите за следната сезона со неколку дополнувања. Речиси сите тимови од унгарската супер лига освен домашни решија да додадат и странски ракометарки во своите екипи.

piedade
Фото-www.zimbio.com

Во унгарските медиуми веќе започнаа шпекулациите дека одличниот пикерот на бразилската репрезентација Даниела Пиедаде и централниот бек на Германија, Нина Верц  од  Крим Меркатор во новата сезона ќе се приклучат на скромниот унгарски клуб Сиофок.  Овој клуб донесе и две млади талентирани ракометарки од ФТЦ, се работи за Лука Шекержеш која игра на позицијата десен бек и десното крило Нели Шух. Дали ќе се остварат овие шпекулации ќе дознаеме за неколку денови кога ќе се знаат сите нови имиња во екипата на Сиофок.