Пелистер издржа едно полувреме, Вардар со полн плен се враќа од Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во заостанатиот натпревар од 4. коло во Суперлигата Пелистер беше домаќин на Вардар. Шампионот Вардар забележа уште една лесна победа, го совлада тимот од Битола со 24:31  иако на полувреме домаќинот имаше гол предност.

По оваа победа, Вардар игра против Бутел веќе в сабота, а во вторник ќе се соочи со Еурофарм Работник, во натпревар кој ќе одлучи за титула.