Патрик Грецки со порака до сите ракометни фанови: Покажи го својот ракометен потег (ВИДЕО)

За ракометарот на Рајн Некар Ловен, десното крило Патрик Грецки, “ајс бакет челинџ” манијата повеќе не е во мода. Германскиот репрезентативец го става ракометот во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Тој на официјалниот јутуб канал на Рајн Некар Ловен го изведе својот ракометен трик потег и ги повика сите ракометни фанови да го претстават својот атрактивен ракометен потег. За да продолжи оваа ракометна атракција Грецки ги номинираше своите клупски колеги Уве Гејншајмер и Никлас Ландин, и голманот на Хановер, Мартин Цимер.