Голманот на Металург, Мартин Томовски, од следната сезона ќе ја зголеми колонијата на македонски ракометари што ќе играат во Германија.
Тој потпишa двегодишен договор со екипата на Лудвигсхафен, која сезонава беше дел од Бундес лигата, но не го обезбеди опстанокот и следната година ќе игра еден ранг подолу.
Томовски кариерата ја започна во Пролет, но беше забележан како голем потенцијал од Лино Червар и се пресели во екипата на Металург.
За тимот од Автокоманда имаше одлични партии во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, па беше за очекување дека следната сезона ќе го направи првиот чекор надвор од границите на Македонија.


