Со заминувањето на Трајковски, Младеновски, Спасовски и Кобетиќ екипата на Охрид остана без тројца клучни ракометари во ростерот, па ова сигурно ќе биде проблем за тимот за следната сезона во која ќе биде тешко да се повтори резултатот од последните години кога се играше во плеј-офот.
Сепак, екипата успеа да потпише двајца од играчите кои и минатата сезона беа дел од овој клуб. Левото крило и капитен, Крсте Андоновски и пивотот Иван Тасески одлучија и во следната сезона да бидат дел од Охрид и денеска ставија потпис на новиот договор.
Од клубот има најава дека во новиот шампионат нема да има интернационалци, но дека амбициите остануваат исти. Воедно ова значи дека ќе се направи обид со ракометари од Македонија да се добие она што се посакува односно да се дојде до уште една сезона во плеј-офот.


