Денес во Загреб беше одржана ждрепката за Европското женско ракометно првенство чии домаќини од 7 до 21 декември ќе бидат Унгарија и Хрватска.Унгарија како еден од домаќините на ова првенство ќе игра групата А (Ѓер) заедно со репрезентациите на Шпанија, Русија и Полска.Во групата Б( Дебрецин) ќе гледаме скандинавско дерби помеѓу репрезентациите на Норвешка и Данска, а друштво ќе им прават и Романија и Украина.
Вториот домаќин на ова првенство, репрезентацијата на Хрватска ќе игра во групата Ц ( Вараждин) заедно со репрезентациите на Шведска, Германија и Холандија.
Групата Д (Осијек) е резервирана за балканското дерби помеѓу Србија и Црна Гора, а покрај нив тука се и Франција и Словачка.
Трите најдобри репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната фаза на Европското првенство која ќе се одигра во Ѓер и Загреб. Финалните натпревари ќе се одиграат во Будимпешта.


