„Новиот Омејер“ ја среди Шведска

Франција останува единствената репрезентација без загубен бод на Европското првенство, откако избраниците на Дидие Динар ја совладаа Шведска со 17:23. Иако во првиот дел, „експертите“ имаа солидна залиха, сепак во продолжение мораа да се помачат малку за да ја заверат новата победа.

На францускиот гол царуваше наследникот на Омејер, Венсан Жерар, кој во првиот дел собра 11 одбрани, бројка што некои голмани ја имаат и за цел меч. Сепак неговите колеги не го искористија тоа во целост, па иако водеа со 4 голови разлика, 4;8, 5:9, сепак на пауза заминаа само со плус 2, 8:10.

Во вториот дел Шведска за десетина минути стигна до реми, 12:12 со голот на Нилсон и мораше се од нула. Франција се одлепи на 12:14, а кога Карабатиќ во 51 минута погоди за 14:18, беше јасно кој е победникот. До крајот Швеѓаните немаа шанси и „експертите“ се радуваа на нов триумф, 17:23.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Сорендо со 5 голови, но се чини дека најзаслужен за победата беше голманот Жерар, кој забележа 19 интервенции. Кај Шведска се истакна Јепсон со 4 голови.