„Новата“ аквизиција на Червар растура во Австрија: Арнаудовски го среди Кремс на Митков

Старо-новиот македонски репрезентативец на Македонија, Ристо Арнаудовски, кој се најде и на скратениот список на Лино Червар за дуелите со Чешка и Украина, беше најдобриот поединец во неговиот тим Ферлах во „македонскиот“ дуел во Австрија против Медикал Кремс, каде игра Влатко Митков.

Ферлах победи со 30:28, иако во последните две минути Кремс влезе со предност од 28:27. Најинтересните моменти беа во финишот на мечот. итков донесе предност за Кремс во 50 минута со 25:23, а потоа погоди уште еднаш за 26:24 и за 27:26. Арнаудовски беше прецизен за 28:28, а неговите соиграчи погодија два пати во последната минута за конечни 30:28.

Двајцата македонски интернационалци беа најдобри на теренот. Оспорруваниот лев бек постигна дури 13 голови на овој натпревар, од кои 4 беа од пенал, а Митков беше стрелец на 7 голови, а промаши и еден пенал. Ваквата форма на репрезентативците може само да го радува селекторот Червар пред стартот на новите квалификации.