Екипата на Констанца предводена од поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, продолжува да се засилува со поранешни и сегашни ракометари на Металург. По ангажирањето на Младен Ракчевиќ кој пристигна од атински Аек, најново засилување на романскиот шампион е Никола Кеџо. Десниот бек доаѓа во Романија по барање на Шундовски кој е добро запознат со квалитетите на хрватот.
Констанца оваа сезона има амбиции да игра во групната фаза во Лигата на шампионите, но најпрво мора да ја помине квалификациската група во која уште се наоѓаат Хаслум, Бешикташ и Инитија Хаселт.


