Најбараниот тренер во моментов сепак недостапен

Откако во одредени спортски медиуми во Македонија, се појави веста дека Љубомир Врањеш е блиску до договор со ПСЖ, управата на Фленсбург за 24ракомет експресно ја демантираше оваа вест. Од управата на клубот ја дадоа следната изјава:

„Љубомир Врањеш има договор со СГ Фленсбург-Хадевит до 2017. Ништо друго не ни е од интерес.“

По што во вода паѓаат сите нагаѓања за судбината на еден од најквалитетните тренерски имиња што ракометниот свет може да ги понуди во моментов. За следната година, покрај  Готфридсон кој го продолжи договорот до 2017 година,  се очекува нов бран подмладувања во актуелниот победник на Лигата на шампионите, што само дава на значење на влијанието на тренерот во успехот на тимот.