Мукаетов: Имаме капацитет и за поголеми резултати во иднина

Претседателот на Македонската ракометна федерација, Живко Мукаетов и покрај минималниот пораз беше видно задоволен по обезбедениот пласман на СП 2019 во Германија и Данска.

“Покажавме дека сме подобра репрезентација од Романија. Секогаш е тешко кога вториот натпревар го играте на гости, посебно во еден ваков бараж. Секоја чест на момците, одиме понатаму. Ќе се подготвуваме сега за настапите за СП, во меѓувреме се квалификациите за ЕП против Турција и Грција, па со заеднички сили мислам дека имаме капацитет и за поголеми резултати за во иднина.

Мукатов се обидува да ја спушти топката во однос на очекувањата Македонија конечно да обезбеди пласман на Олимписки игри.

“Би сакал да ја спуштиме топката, да одиме чекор по чекор и да не им правиме непотребен притисок на ракометарите со таа тема”- изјави Мукаетов.