Многу емоции и овации за крај на вардаровата бајка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар забележаа победа во својот последен меч сезонава во СЦ „Јане Сандански“. Денеска го надиграа Пик Сегед и го совладаа со 31:23 со што добија убава предност пред реваншот и тргнаа полека кон ново учество на Ф4 турнирот во Келн.

Многу емоции и многу овации имаше во вардаровиот бастион, солзите течеа и кај навивачите и кај ракометарите.

Дотаму ги делат уште 60 минути во Сегедин каде на 5 мај ќе се биде голема битка за севкупен четврт-финален триумф.