Младинките играат против Исланд, следете ги и навивајте

Репрезентацијата на Македонија до 20 години во женска конкуренција денеска тргнува со натпреварите од Квалификациите за Европското првенство во Унгарија, а прв противник е селекцијата на Исланд која е и домаќин на квалификациската група.

Средбата меѓу Македонија и Исланд стартува од 20 часот, а претходно на терен ќе се најдат селекциите на Литванија и на Германија. Со нив Македонија ќе игра утре и задутре, а двете првопласирани селекции ќе завршат на Европскиот шампионат.

Во составот на Македонија на овие квалификации се најдоа 17 ракометарки. Боите на националниот тим ќе ги бранат: Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Јована Кипријановска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Јована Владева.

Целта е да се одигра најдобро што може и да се обезбеди што е можно подобар резултат. Исланд денеска биде фаворит, а тоа може да биде само олеснителна околност за девојките да одиграат што е можно поопуштено и да се изборат за изненадување.

Средбата против Исланд ќе можете да ја следите на следниот ЛИНК.