Миркуловски три седмици надвор од ракометните терени

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ќе биде надвор од ракометните терени три седмици, откако ја обнови повредата поради која не настапи на последниот дуел на СП во Франција против Норвешка.

Се работи за истегнување на бутниот мускул, а Миркуловски ја обнови на дуелот од Бундес Лигата, кој неговиот Вецлар го играше против Мелсунген. Средниот бек излезе од игра во првото полувреме и не се враќаше на терен до крајот на мечот.