Екипата на Вецлар каде настапува Филип Миркуловски во рамките на 21. коло од Бундес лигата го забележа третиот пораз во серија. Пресилен за „зелено-белите“ беше Бергишер кој на домашен терен славеше со 26:22. Нашиот поранешен репрезентативец, Филип Миркуловски натпреварот го заврши со еден гол и една асистенција.
Дуелот започна со изедначен тек. Прв поведе Вецлар со 3:0, по што Бергишер се врати и ја презема иницијативата на средбата. Во 18. минута, резултат застана на 8:8 по што Бергишер, потпомогнат од падот во играта на Вецлар, започна сериозно да го толчи противникот и во последните дванаесет минути од првото полувреме направи серија од 8:0, па првиот дел го доби со 16:8.
Со оваа предност, Бергишер веќе ја имаше завршено својата задача, а Вецлар само јалово се обидуваше да се доближи, но не успеа и забележа убедлив пораз. Бергишер, беше предводени главно од тринаесетте одбрани на Кристофер Рудек, додека со по шест гола придонесоа Арон Тор Гунарсон и Фабиан Гутброд. Кај Вецлар, Оле Форсел Шефверт погоди петпати, а по четири постигнаа, Максимилијан Холст и Стефан Чавор.


