Металург ги има новите кралици на македонскиот ракомет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург одработи одличен натпревар во последното коло од Женската лига и на тој начин само ја потврди титулата, која после седум години се врати во Автокоманда. После шест години доминација на Вардар, Металург е одново шампион на Македонија, а сезонава најголема конкуренција имаше во екипата на Куманово.

Ракометарките од Автокоманда мораа да се испотат до последен момент за да успеат да стигнат до трофејот и на крајот успеаја во намерите. Се изборија за трофејот со убедлива победа од 32:18 во меч во кој особено доминираа во вторите 30 минути.

Со ова финишираше една долга сезона во која имаше доста надигрување, а дефинитивно девојките предводени од Јулијана Дамчевска покажаа најмногу во првенството, па успеаја да стигнат до круната. Она што не им успеа во Купот го надоместија во првенството, па стигнаа до 4. позиција.