Матлиески: Некои клубови однапред си се прогласуваат за фаворити, ама тоа на Пролет не му пречи

Тимот на Пролет го повтори ланскиот успех и се пласира меѓу најдобрите четири клубови во Суперлигата. Сега пред Пролет е нов предизвик, настап во плеј-офот против екипите кои ќе водат борба за титулата во македонскиот шампионат.

„Моите ракометари покажаа и карактер и квалитет, одиграа квалитетни натпревари и заслужено стигнавме до плеј-офот. Ждребот ни го додели Бутел на почетокот, што е позитивно за нас, можеби е лошо што во последното коло играме со Пелистер во Битола, ќе беше подобро ако во последниот меч игравме во Скопје, но што е тука е, не менуваме ништо во нашата желба за добар настап и надигрување со противниците. Некои клубови веќе однапред се прогласуваат за фаворити, нам тоа не ни пречи. Во ред е да сме аутсајдери, но мое мислење е дека ние исто така ќе бидеме и „нагазна мина“ на која најмалку еден фаворит ќе настрада. Не сакам да давам прогнози за конечниот пласман, за мене успех ќе биде ако играме добар ракомет на сите натпревари и доколку формата на ракометарите продолжи да се движи во нагорна линија и во клучниот дел од сезоната. Тоа ќе ме направи најсреќен од се, а воедно ќе ни донесе и солиден резултат“, вели Матлиески.

Во првото коло од плеј-офот, Пролет на домашен терен ќе игра со незгодниот состав на Бутел.